Koшаркарот на Партизан, Стерлинг Браун, се опорави во вистинско време и одигра одличен меч против „црвено-белите“ во градското дерби на Белград.
„Не играв само јас, нашите центри го контролираа рекетот. Карлик се пробиваше и го привлекуваше вниманието на одбраната а потоа брилијантно ме пронаоѓаше“ – рече црномурестиот играч.
„Тоа е големо ривалство, го вади најдоброто од сите. Со или без Евролигата имам уште една година од договорот и затоа сум тука“ – рече кошаркарот на Партизан.

