Тренерот на кошаркарите на Милвоки, Док Риверс, проговори за првите два меча на теренот на Индијана. Неговиот тим сега има негатива од 2-0 во првото коло од плеј-офот во трката за титулата во НБА лигата.
„Ќе видиме што ќе се случи. Имаме 48 часа да се подготвиме а сè уште не знам што ќе правиме. Но, имам голема верба во нас во оваа серија“ – рече главниот тренер на тимот на прес-конференцијата по натпреварот.
Милвоки и Индијана се сретнаа во разигрувањето и во претходната сезона. Тогаш Бакси победија со 4-2

