Моменталниот лидер на табелата во ракометната Супер лига на Македонија, Вардар 1961 и официјално потврди дека французинот Махамаду Кеита (29) кој игра на позицијата лево крило е нов ракометар на Вардар.
Клубот го потпиша играчот кој моментно настапува во шпанската AСОБАЛ лига за тимот на Логроњо Ла Риоха, а има и трофеј од настапи во Лига Европа.
Како дел од Бенфика, во 2022 година Кеита ја освои Лига Европа, и беше дел од тимот кој во финалето го победи Магдебург.
Кеита има искуство со настапи во три лиги, во Франција каде играше за ЦСМ и Иври, во Португалија настапуваше за Бенфика, а во Шпанија за Логроњо и за Анхел Хименез. Со Бенфика и со Логроњо беше дел ЕХФ Лига Европа.
Во сезоната 22/23 како дел од Логроњо постигна 123 гола на 35 натпревари, а во моментов за Анхел Хименез има дадено 25 гола.

