Легендата на Лос Анџелес Лејкерс, Меџик Џонсон, ги доведе во прашање одлуките на стручниот штаб на тимот. Тој се насочи на последниот пораз од Минесота што го донесе составот на чекор до елиминација во плеј-офот во НБА лигата.
„Не знам дали беше паметно да се задржат Леброн и Лука на теренот во текот на целото второ полувреме имајќи в предвид дека имаше само еден ден одмор помеѓу 3-от и 4-от меч. Кога требаше Леброн да ја преземе контролата врз играта во четвртата четвртина, тој не можеше, не постигна ниту еден поен“ – рече Џонсон.
Големите ѕвезди на „езерџиите“, Дончиќ и Џејмс, на мечот со Минесота поминаа на теренот по 46 минути.

