Ракометарите на Алкалоид вчера направија историски подвиг со пласманот во финалето на ЕХФ Европскиот куп. Утре во Виена ќе се одржи ждрепката на која ќе се одлучи дали првиот натпревар од финалето ќе се игра во Грција или во Македонија.
Според распоредот, првиот финален натпревар ќе се одигра на 17/18 мај, додека новите шампиони ќе го подигнат трофејот на 24/25 мај по реваншот од финалето. Противник на Алкалоид во финалето ќе биде грчки АЕК.

