Ждрепката што се одржа денеска во седиштето на ЕХФ во Виена сакаше „сино-белите“ од Автокоманда да бидат гости на грчкиот АЕК Атина во првата средба од финалето на Европскиот Куп.
Терминот за одигрување на првата средба ќе се бира меѓу 17 или 18 мај, додека реваншот ќе биде на програмата на 24 или 25 мај во Скопје, каде што ќе се додели и трофејот.
Се надеваме дека нашиот тим ќе го одигра овој финален двомеч со АЕК Атина во стилот како до сега и ќе се радува на својот прв европски трофеј.

