Младинскиот ракометен состав на Еурофарм Пелистер ќе игра против данскиот ГОГ Гудме во полуфиналето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите кој ќе биде реализиран во Келн.
Во второто полуфинале во познатата – „Ланксес Аренар“ ќе се сретнат шпанската Барселона и унгарскиот Веспрем. Ќе потсетиме, Битолчани беа најдобри на турнирот во Букурешт во друштво на романскиот Динамо и полскиот Киелце.
ГОГ Гудме славеше на турнирот што беше одржан во Берлин. Таму беше подобар од германските состави Магдебург и Фуксе Берлин.

