Македонската ракометна репрезентација попладнево го означи стартот на подготовките за последните квалификациски дуели против Естонија на гости и Литванија на домашен терен, кои ќе одлучат дали нашиот национален тим ќе се пласира на ЕП 2026 година.
Селекторот, Кирил Лазаров се соочува со бројни проблеми за овие два меча. Покрај Мартин Велковски денеска проблем пријави уште еден ракометар на Алкалоид, Марко Стојковиќ. Засега не е познато дали ќе се приклучи на тимот нешто подоцна или воопшто нема да биде на располагање. Лазаров нема да повика дополнително нови имиња, бидејќи скратениот список го сочинуваат 21 ракометар.
Од претходно поради повреди беше познато дека, Лазаров нема да може да смета на Марко Митев и Никола Ѓорѓиев, како и крилото Цветан Кузманоски.

