Главниот тренер на Вориорс, Стив Кер, го предупреди Дрејмон Грин, дека мора да биде внимателен откако на мечот со Минесота ја заработи петтата техничка грешка во сезонава. Кошаркарот на Голден Стејт го удри со лакт во глава центарот Наз Рид.
„Сега ќе мора да биде повнимателен. Тоа што го прави таков борец и победник понекогаш го води предалеку. Нашата работа е да му помогнеме да остане смирен… Понекогаш ја преминува границата“ – рече Кер.
Грин на мечот постигна 9 поени, 4 скока, 5 асистенции, 1 украдена топка и 1 блокада.

