Кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој имаше лош натпревар против Оклахома, вели дека добрата одбрана во последната четвртина била пресудна за победа на неговиот тим која му донесе предност од 2-1 во второто коло од плејофот на НБА.
Српскиот интернационалец мечот го заврши со скромни 20 кошеви, 16 скокови и шест асистенции а впечатливо беше што ги промаши сите десет обиди за тројка.
„Бев најлошиот играч на теренот но, победивме и тоа е најважно. Промашив неколку отворени шутеви. Бев фрустриран, но се обидов да останам во играт и да ги правам сите други работи“ – рече Јокиќ.

