Селекторот на ракометарите, Кире Лазаров, испрати јавна честитка до неговите избраници по обезбедената убедлива победа против Литванија која не однесе на ново големо европско натпреварување.
„Сакам да им честитам на сите момци, им честитав во Естонија и ги поддржав. Им реков дека ќе имаме голема поддршка во Скопје. Сите беа решени да се пласираат на ЕП 2026“ – вели Лазаров.
„Отворивме лошо, типично македонски. Но, како одминуваше време, така мечот замина на наша страна. Момците не се испаничија, покажаа карактер. Сега ќе играме со најдобрите во Европа. Знаете дека европското првенство е потешко од светското“ – рече нашиот селектор.

