Нашиот ракометен голман, Мартин Tомовски, не го крие задоволството по убедливата победа против Литванија во последната квалификациска рунда за пласман на Европското првенство. Македонија на крајот како втора ќе замине на континеталниот собир.
„Среќен сум што ја остваривме нашата цел да се пласираме на едно големо натпреварување. Чест и задоволство е секогаш да играм за Македонија, така ќе биде и во иднина. Сакам да им честитам на сите за овој момент“- речe Томовски.
„Добро е што здравствениот билтен е позитивен по овој меч. Сега малку ќе уживаме а потоа ќе се вратиме на клупските обврски“ – рече Томовски.

