Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, веднаш по мечот со Литванија кој ни обезбеди виза за европското првенство влезе во соблекувалната и им ја честиташе големата победа на ракометарите.
-Момци, честитки за пласманот на ЕП. Со среќа нека е, одигравме машки, борбено, храбро со срце, ја израдувавте цела нација“ – рече Стефанов.
-Одигравме според очекуваното, сега ни следи Европското првенство. Само да продолжиме вака, имаме добар дух и енергија, дишеме како еден и посакувам сите да се радуваме заедно секоја година“ – изјави Стефанов пред играчите.

