Македонската ракометна репрезентација од третиот шешир ќе ги чека противниците за ЕП 2026. Според системот со кој ЕХФ ги одредуваше шеширите, истите пред ждрепката која е закажана за во четврток треба да изгледаат на следниот начин.
1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови
3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија
4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина
Групната фаза ќе се одигра во четири градови: Данска (Хернинг, Групи А и Б), Норвешка (Берум, Групи Ц и Д) и Шведска (Малме и Кристијанштад, Групи Е и Ф). Главната рунда ќе се одржи во Хернинг и Малме, при што првиот ќе го организира последниот викенд. Данска ќе игра во Хернинг (Група Б), Норвешка во Берум (Група Ц) и Шведска во Малме (Група Е).

