Центарот на Бостон, Кристапс Порзингис, не ја губи вербата дека неговиот тим може да ја добие серијата против Њујорк во плеј-офот во НБА лигата иако противникот има голема предност од 3-1 во победи.
„Имаме многу талентирани играчи. Имаме доволно талент дури и без Тејтум, дури и ако играм 10 или 15 минути. Ги имаме вистинските момци. Покажавме дека можеме да играме навистина добра кошарка во такви услови“ – рече кошаркарот по ноќешниот пораз со 121:113.
Порзингис помина на теренот 24 минути реализирајќи скромни 7 поени и 4 скока.

