Чендлер Персонс верува дека Ентони Едвардс ќе испише историја во екипата на Минесота иако според него, Кевин Гарнет, е најдобриот кошаркар што играл за Тимбервулвс.
„Едвардс веќе чука на вратата.Тие би можеле да стигнат до финалето на конференцијата и тоа втор пат по ред. Тој им носи радост на навивачите со својата игра“ – рече Персонс.
„Тој има неверојатни атлетски способности, напаѓачки вештини, харизма. Идеална опција за главна ѕвезда на тимот“ – рече поранешниот играч.

