Голманот на нашата ракометна репрезентација, Мартин Томовски, влезе во идеалниот тим на ЕХФ за 5-то и 6-то коло во квалификациите за Европското првенство.
Тој на гостувањето во Естонија имаше 13 одбрани за едно полувреме а исто толку забележа и на неделниот меч со Литванија во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонија со победи на тие два меча си обезбеди место на континеталниот собир во 2026 година во Данска, Шведска и Норвешка.

