Дел од младите кошаркари кои ќе бидат во првата рунда на НБА драфтот, ги споделија своите мислења за играчите во лигата.
Тие ги издвоија најпотценетите играчи во најсилната лига на светот. Егор Демин, го избра плејмејкерот на Детроит, Кејд Канингем. – Луѓето сè уште не разбираат колку е навистина добар Канингем, резонираше рускиот дефанзивец. Ејс Бејли се согласи со неговото мислење.
Купер Флег го критикуваше Тајрис Халибартон: „Не го сакаат и го нарекуваат „преценет“, но, е многу добар кошаркар“.

