Искусниот српски интернационалец, Илија Абутовиќ, ќе ја продолжи соработката со ракометниот состав Еурофарм Пелистер за уште една сезона.
Поранешниот играч на Вардар во 2024 година се врати во Македонија и реши да го облече „зелено-белиот“ дрес.
Корпулентниот ракометар со новиот договор ќе остане во Битола најмалку до 2026 година.

