Тренерот на кошаркарите на Голден Стејт, Стив Кер, верува дека генералниот менаџер на клубот, Мајк Данливи, може да направи добра селекција во текот на летото.
Популарните „воини“ не успеаја да останат во трката за шампионскиот пехар во НБА лигата откако во текот на ноќта загубија од Минесота и беа елиминирани со вкупни 4-1.
„Мајк е супер-ѕвезда. Неговата работа во последниве неколку години е импресивна. Имам целосна доверба во неговата способност да ни помогне да се подобриме во текот на летото“ – рече Кер.

