Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство кое од 15 јануари до 1 февруари 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска. Избраниците на Кире Лазаров се најдоа во тешката група „Б“ во дански Хернинг, каде покрај домаќинот Данска за ривали ќе ги имаме и Португалија и Романија.
Според системот на натпреварување, првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.


