Комесарот за натпреварување при Кошаркарската федерација на Македонија денеска ги изрече казните за прекинот на напреварот од полуфиналето на домашното првенство меѓу екипите на МКК Куманово и МЗТ Скопје во салата „Перо Наков“ во Куманово.
Кумановци се казнети со еден натпревар без присуство на гледачи од серијата против Работнички во битката за третото место во првенството и парична казна од 16.000 денари.
Исто така МКК Куманово ќе мора да одигра уште три натпревари без публика во следната натпреварувачка сезона 2025/26, и да плати рекордни 384.000 денари како парична казна за инцидентот.

