Кошаркарите на Индијана со победа ја отворија финалната серија во Источната конференција во НБА лигата. Тие во арената „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк го совладаа домашниот тим во продолжение со 138:135.
Прв поентер на натпреварот беше плејмејкерот на Никс, Џејлен Бренсон кој постигна 43 поени, еден скок и пет асистенции. Неговиот соиграч, центарот Таунс имаше дабл-дабл со 35 поени и 12 скока. Најдобар играч на Индијана беше плејмејкерот Тајрис Халибартон , со 31 поен, 11 асистенции и четири скока.
Вториот натпревар од полуфиналната серија на плејофот во НБА исто така ќе се одржи во Њујорк на 24 мај.

