Откако Шеј –Александар од Оклахома беше прогласен за најкорисен играч во сезонава во кошаркарската НБА лига, започнаа да пристигнуваат реакции од сите страни.
Канаѓанецот ја доби битката со големиот ривал од Денвер, Никола Јокиќ а тоа ја изненади ѕвездата на Милвоки,Јанис Антетокунбо.
„Што?! нема шанси тоа да е вистина?!“ , напиша Гркот на социјалните мрежи. Шеј беше рангиран на првото место со 913 поени додека Јокиќ имаше 787.

