Реванш натпреварот од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК вечерва не се одигра. Причина, ракометарите на АЕК одбија да излезат на теренот во Скопје со образложение дека нивните навивачи не биле пуштени во салата.
Делегатот на мечот потврди дека дуелот нема да се одигра денеска, а конечната одлука за тоа како ќе биде регистриран овој натпревар ќе ја донесат органите на Европската федерација следната недела.
Според информациите во вторник или среда треба да има состанок во ЕХФ на кој ќе се разгледува скандалот од Скопје. Секоја одлука која ќе оди против тоа Алкалоид да го добие шампионскиот пехар, ќе биде уште поголем скандал за европскиот ракомет.

