Кошаркарот во НБА лигата, Џулиус Рендл, зборуваше за времето поминато во екипата на Њујорк.
„Таму не е забавно. Фокусиран си на сè друго освен на самата игра. Целосно си зависен од секој шут, секој пораз, секој неуспех. Невозможно е да се игра така“ – рече актуелниот поентер на Минесота.
Рендл настапуваше за Никси во периодот од 2019 до 2024 година.

