Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Ракомет»Кузмановски уште две години ќе го води РК Бутел Скопје
    Ракомет

    Кузмановски уште две години ќе го води РК Бутел Скопје

    risteBy riste28/05/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот Горан Кузманоски ја продолжи верноста кон Бутел Скопје за уште две сезони и ќе биде на чело на македонскиот суперлигаш најмалку до 2027 година. 

    Тој ја одработува втората сезона на кормилото на Бутел Скопје и заедно со ракометарите одново ја остварија главната цел – пласман во разигрувањето за титулата.

    „Ќе се потпираме пред сѐ на македонски ракометари, особено на млади играчи кои се иднината на нашиот клуб и на македонскиот ракомет воопшто. Ќе се засилиме со најмногу двајца странски играчи, но само на позиции каде што моментално немаме соодветни домашни решенија. Нашите младински категории веќе подолго време покажуваат сериозен квалитет – бевме кадетски шампиони, а сега младинците завршија на високо трето место. Тоа е доказ дека системски се работи и дека талентот е тука. Нашата амбиција останува иста – и во следните две сезони сакаме да бидеме дел од плеј-офот и да продолжиме со развој на еден стабилен и конкурентен тим“, изјави Кузманоски.

    43-годишниот Горан Кузманоски тренерската кариера ја започна во Романија, додека во Македонија ги водеше уште екипите на Прилеп и Скопје.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Јака Малус на крајот на сезоната заминува од Вардар?

    15/11/2026

    Во меч со пресврти: Вардар славеше на дербито со Алкалоид

    14/11/2026

    Валах останува во Вардар до 2028 година

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.