Остин Ејнџ е новиот претседател на кошаркарските операции на Јута Џез. Тој 14 години беше дел од раководството на Бостон а во последните шест беше помошник генерален менаџер.
Ќе потсетиме дека неговиот татко Дени, имаше успешна кариера како НБА играч и освои две титули со тимот на Бостон во осумедесетите.
Остин пак, никогаш не влезе во професионалните води. Тој играше само во колеџ-лигата на САД.

