Играчот од средниот ред на Нант, Мехди Абеид, изјави дека многу му недостасува фудбалот откако Францускиот шампионат беше суспендиран поради пандемијата на корона-вирусот како што се случи со сите првенства во Европа.
„Тешко им е на сите да останат дома и да не излегуваат надвор, но, тоа е императив. Како фудбалер кој честопати е далеку од дома и семејство, барем сега ги гледам секој ден” рече играчот на „канаринците“.
„Се плашиме дека ќе трае долго, но, ќе се прилагодиме. Фудбалот ми недостасува многу, сепак, животот и здравјето се многу позначајни. Многу играчи во Европа се во иста ситуација. Разговараме едни со други. Имаме група во Ватсап со медицинскиот штаб и треба да испраќаме информации секој ден. Работиме напорно за да бидеме подготвени доколку продолжи првенството“ – потенцираше Абеид.