Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска, Иван Ракитиќ, ќе мора да си побара нов клуб, најави спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал во интервјуто дадено за – „Мундо Депортиво“.
Тоа значи дека по пет сезони поминати на „Камп Ноу“, фудбалерот од средниот ред на Каталонците ќе мора да ја промени средината бидејќи ќе биде ставен на трансфер-листата.
Според најавите, за Ракитиќ се заинтересирани повеќе екипи меѓу кои влегуваат: Милан, Атлетико Мадрид, Интер и Манчестер Јунајтед.