Спортскиот директор на фудбалскиот состав Барселона, Ерик Абидал, пред утрешното гостување во Франција кај Лион, вели дека неговиот тим има амбиции да ја освои Лигата на шампионите.
„Сакаме да ја освоиме Лигата на шампионите. Отидовме во Лион со мотивација да прикажеме добра игра. Секој го знае стилот на Барселона и се обидува да се прилагоди. За да победиме, мора да работиме многу, да ја задржиме топката и да го притиснеме противникот ” – рече шефот на Каталонскиот состав.
„Ние добро знаеме дека Лион има за цел да се издигне во европскиот фудбал. Тоа е најсилниот клуб во Франција во поглед на работата во детските и тинејџерските училишта. Тие сакаат да бидат на високо европско ниво“ – изјави Абидал за неговиот поранешен клуб.

