Фудбалерот на Рома, Тами Абрахам, не крие дека е задоволен со вчерашното реми кај Милан (2-2) остварено во рамките на Серија „А“ .
„Волчицата“ имаше негатива до 88 минута кога прво Ибањез а малку подоцна и Абрахам постигнаа голови за изедначување.
„Чувствував дека ќе дадам гол. Моравме да играме трпеливо и да ја чекаме нашата шанса. Реагирав добро по ударот на Матиќ“ – вели напаѓачот на Рома.