Сопственикот на Челзи Роман Абрамович се подготвува за продажба на клубот, тврди “Сандеј Тајмс”. Русинот најмил банка со седиште во Њујорк, која го проценила клубот на 2 милијарди фунти. Од Челзи се обратиле за финансиски консултации со банката, откако таа му помогна на Манчестер Сити да продаде 13 проценти од “граѓаните” на кинеска компанија за 265 милиони фунти во 2015 година.
Не е јасно дали Абрамович има желба да продаде дел од клубот, со што ќе донесе свежи пари и ќе дозволи нови инвестиции, или е подготвен да се раздели со “сините”, кои за 140 милиони ги купи во 2003 година.
Од клубот ги демантираа информациите дека клубот е на продажба.