Сопственикот на фудбалскиот состав Челзи, Роман Абрамович, проценува дека има доволно време неговиот тим да се врати во битката за титулата предводен од новиот тренер, Томас Тухел, кој денеска ќе треба да го потпише договорот за наредните 18 месеци.
Иако „сините“ се на деветтото место со 11 бода помалку од лидерот Манчестер Јунајтед, Абрамович е уверен дека тимот има доволно квалитет да се бори за шампионскиот пехар во Премиер-лигата.
Ќе потсетиме дека лондончани по лошата серија, вчера, ја прекинаа соработката со менаџерот, Френк Лампард.