Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Абрамович потврди дека го продава Челзи
    Фудбал

    Абрамович потврди дека го продава Челзи

    risteBy riste02/03/2022No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Рускиот олигарх Роман Абрамович кој е сопственик на Челзи беше на еден начин протеран од Англија по стартот на војната од страна на неговата држава и нападот над Украина. Поради тоа, самиот тој беше принуден да отстапи од позицијата прв човек на Челзи, а иако фановите се надеваа дека ќе се врати по крајот на кризата, сепак очигледно нема да се случи тоа.

    Абрамович преку официјално соопштение се обрати преку веб-страницата на Челзи и ја потврди продажбата на клубот со што се потврдија шпекулациите дека Челзи ќе добие нов сопственик. Абрамович напиша дека сите нето-приходи од продажбата на Челзи ќе одат во донација за погодените од војната во Украина.

    Во продолжение соопштението на Роман Абрамович:

    „Би сакал да се обратам поради шпекулациите во претходните денови за моето сопствеништво на Челзи. Како што се изјаснив и претходно, секогаш носев одлуки во најдобар интерез за клубот. Во оваа ситуација донесов одлула да го продадам клубот, одлука која сметам дека е најдобро за Челзи, фановите, вработените, спонзорите и партнерите… 

    Продажбата нема да биде избрзана, а нема да барам од новите сопственици да ми враќаат позајмици. Ова никогаш не беше бизнис за мене, туку чиста страст за фудбалот и Челзи. Покрај тоа, мојот тим ќе основа фондација преку која нето приходите од продажбата ќе бидат донирани на жртвите од војната во Украина. Ова вклучува и помош на критичните сектори на кои им е потребна помош веднаш.  

    Мора да знаете дека ова е неверојатно тежок момент и одлука за мене и чувствувам болка што ќе се разделам со клубот на овој начин. Сепак, верувам дека е во најдобрите интереси за Челзи. 

    Се надевам дека ќе можам да го посетам „Стемфорд Бриџ“ за последен пат и да се поздравам со сите лично. Ми беше чест и привилегија што бев дел од Челзи и горд сум на сите достигнувања. Челзи и сите прирвзаници засекогаш ќе ми бидат во срцето“ се вели во соопштението на Абрамович.

    Абрамович го презеде Челзи во јуни 2003 година и речиси 19 години успешно го водеше. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ двапати се искачи на тронот на Европа освојувајќи ја Лигата на шампионите, а освои многу титули во Англија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ливерпул фаворит за потписот на Маунт

    30/03/2023

    Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?

    30/03/2023

    Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим

    30/03/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ливерпул фаворит за потписот на Маунт
    • Во Манчестер Сити неизвесност: Дали Халанд ќе може против Ливерпул?
    • Адеми се вклучи во подготовките на новиот тим
    • Дијаз ќе добие понуда од Англија
    • Горецка: со нетрпение ги чекаме дуелите со Сити
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.