Камерунскиот напаѓач Винсент Абубакар ја доби наградата за најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации. Напаѓачот на домашната репрезентација турнирот го зарши со 8 гола.
Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Камерун го совлада Буркина Фасо во пенал рулетот, а токму 30-годишниот Абубакар постигна два гола за неверојатен кам-бек на неговиот тим.
Во својата досегашна кариера во дресот на Камерун, Абубакар има 33 гола и шест асистенции на 82 натпревари.