Селекторот на македонската репрезентација во џиу-џицу, Александар Ацевски, во денешното интервју за Спортско радио 90,3 ФМ, изрази задоволство од резултатите што ги постигнаа неговите избраници на Балканско првенство.
„Мораме да бидеме задоволни од резултатите во Романија. Таму настапивме со четворица натпреварувачи а Катерина Ацевска беше доминатна во нејзината конкуренција и сосема очекувано го освои златниот медал. Имавме и сребро и бронза, што само по себе покажува дека имавме забележителен настап“ – нагласи Ацевски.
„ Фокусот во наредниот период ќе го ставиме на Светското првенство на Крит. Таму ќе бидеме активни во неколку категории и се надевам на медали иако конкуренцијата ќе биде исклучително силна. Ќе бидат присутни најдобрите во нашиот спорт“ – потенцираше Ацевски во интервјуто што може да го проследите на следниот ЛИНК.https://audio.com/sportsko-radio-90-3-fm/audio/gotov-razgovor-so-aleksandar-acevski-seletor-dziu-dzicu-reprezentacija-011024

