Дефанзивецот на Лацио, Франческо Ачерби, напиша долго писмо до навивачите на тимот поради критиките упатени кон него по поразот од Милан.
Причината за истите се снимките на кои се гледа како искусниот играч се смее веднаш по победничкиот гол на „росонерите“, кој дојде по неговата грешка.
– За жал, неколку месеци поминувам низ ситуација која не очекував да ја доживеам. Имам чувство на осаменост што ме повредува на човечко ниво Тоа е само мое лично чувство кое не може да ме остави рамнодушен на теренот или надвор од него“ – напиша меѓу другото Ачерби.