Првите луѓе на Њукасл сакаат да направат конкурентен тим за претстојната сезона во Лигата на фудбалските шампиони.
По ангажирањето на Сандро Тонали и Харви Барнс, екипата од „Сент Џејмс Парк“ се насочи кон играчот од средниот ред Тајлер Адамс. Американецот според договорот, може да го напушти Лидс за скромни 20 милиони фунти.
Доколку Њукасл не сака да ја плати таа сума, може да искористи друга опција за 24-годишниот фудбалер. Имено, Лидс е обврзан да ја прифати секоја понуда за позајмица се додека новиот клуб ја покрива неговата плата.