Нашиот фудбалски репрезентативец во редовите на Динамо Загреб, Аријан Адеми, кој вчера се израдува на победа против норвешкиот Розенборг со 2:0 во првиот меч од последната елиминациска фаза Лигата на шампионите, вели дека е задоволен од постигнатиот ефект.
„Бевме добри, навистина добри и одлично го одигравме мечот. Тоа што имаме два гола предност не смее да не опушти. Сега ни треба концентрација и агресивност и ќе одиме во ЛШ“ – вели Адеми.
Неодамна хрватските медиуми објавија дека Адеми за пласман во ЛШ ќе добие премија од околу 100.000 евра бидејќи заедно со уште неколку соиграчи има најголема минутажа во тековниве квалификации.