Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, кој се израдува на првата победа во новата сезона во Лигата на шампионите беше прогласен за играч на натпреварот Динамо Загреб – Челзи.
Неговиот тим на „Максимир“ славеше сензационално со 1:0 а Адеми заедно со Стефан Ристовски, беа меѓу најдобрите на теренот.
„ Покажавме дека сме силен тим. Игравме добро, се држевме добро и имавме малку пропусти. Петковиќ и Оршиќ беа одлични во нападот, мислам дека заслужено победивме. Пред да излезам на теренот, ми пукна ноктот на палецот и цел бев во крв на ногата. Но, ова беше еден од најголемите натпревари и немаше зошто да го пропуштам. Игравме голем меч, се надевам дека доаѓаат уште поголеми за нас“ – вели Адеми.