Нашиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, ќе го пропушти остатокот од есенскиот дел од сезоната откако се повреди во понеделникот на натпреварот Македонија – Германија одигран во рамките на квалификациите за Мундијалот.
Тој по враќањето во Загреб заминал на детален преглед кој покажал дека ќе мора да паузира околу два месеца.
Неговиот состав Динамо Загреб соопшти дека Адеми има повреда на зглобот.
