Денеска во Нион беа извлечени паровите за новото квалификациско коло за Лигата на шампионите кое ќе донесе пресметка на македонските репрезентативци, Аријан Адеми (Динамо Загреб) и Стефан Спировски (Ференцварош).
Победникот од двомечот меѓу хрватскиот и унгарскиот состав во последниот елиминациски филтер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Марибор (Словенија) и Розенборг (Норвешка). Еве ги и другите мечеви: АПОЕЛ/Карабах – ПАОК/Ајакс, Јанг Бојс – Црвена Ѕвезда/Копенхаген, Истанбул Басакшехир/Олимпијакос – Краснодар/Порто, Базел/ЛАСК – Клуб Бриж/Динамо Киев, Клуж/Селтик – Славија Прага.
Првите натпревари од последното квалификациско коло се играат на 20 и 21 август.