Аријан Адеми има отворена понуда да заигра во турскиот прволигаш Адана Демирспор. Според хрватските медиуми, капитенот на Динамо (З) добил конкретна понуда од моментно шестопласираниот тим во тамошната Суперлига, но Динамо (З) не сака да остане без својот капитен.
Тренерот на турскиот тим, Винченцо Монтела инсистирал да се обезбеди потписот на Адеми, кој во интервју најави дека би размислил за заминување од Загреб.