Хрватските медиуми објавија дека нашиот интернационалец, Аријан Адеми, може во текот на летово да го напушти Динамо Загреб и да се пресели во турскиот шампионат во дресот на Фенербахче.
Според наведеното, главен предуслов тој да замине во новата средина е да се реализира најавеното ангажирање на Бјелица за прв стратег на тимот од Истанбул. Според проценките, трансферната вредност на Адеми е нешто повеќе од пет милиони евра.
Ќе потсетиме дека претходно за тимот на Фенер настапуваше и нашиот репрезентативец, Елиф Елмас кој е сега дел од италијанскиот Наполи.
