Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, денеска ќе се појави на стадионот –„Етихад“ на натпреварот против Манчестер Сити во рамките на второто коло во Лигата на шампионите.
Неговиот Динамо Загреб на стартот на сезоната во ЛШ успеа да слави убедливо против Аталанта додека англичаните поминаа триумфално на теренот на украинскиот Шахтор Доњецк. Адеми пред денешната средба во Англија вели дека неговиот тим не се плаши од четата на Пеп Гвардиола која е влезена во старшен голгетерски ритам.
„ Дали се плашам од Сити? Да се плашев ќе останев во Загреб. Подготвени сме за борба, сакаме скапо да ја продадеме нашата кожа“ – изјави Адеми.