Македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми ќе ја продолжи кариерата во хратски Динамо (З). И покрај многуте понуди кои стигнаа на негова адреса ова лето, Адеми одлучи да остане верен на клубот кој му помогна во моментите кога му беше најтешко, по допинг скандалот и суспензијата.
Тој денеска потврди дека и во следните 5 сезони ќе биде член на загрепските „модри“.
„Пресреќен сум што потпишав и овој договор покажува колкава е љубовта меѓу мене и Динамо Загреб. Во ниту еден момент не размислував. Динамо беше со мене кога ми беше најтешко. Сакам повторно да влеземе во Лигата на шампионите и сакам и понатаму да освојувам титутли“, изјави Адеми.