Динамо Загреб испиша нова страница од историјата на хрватскиот фудбал, откако од синоќа и официјално е старо-нов шампион. На неколку кола до крајот на сезоната, „модрите“ имаат голема предност пред конкурентите и по 15-ти пат стигнаа до шампионскиот наслов.
Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми стана најтрофејниот играч во историјата на клубот со 9 шампионски титули. Покрај тоа, тој во сите овие години во дресот на клубот освои и 5 купа и 3 суперкупа или вкупно 17 трофеи во дресот на најславниот хрватски клуб.