Македонскиот фудбалски репрезентативец, Аријан Адеми, кој се повреди на мечот меѓу неговиот Динамо Загреб и Јанг Бојс во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе мора да одмора најмалку еден месец.
Тоа значи дека искусниот играч ќе ги пропушти средбите со Гибралтар и Ерменија на 6 и 9 септември на стартот на ново формираното натпреварување – Лигата на Нации. Лекарските прегледи покажале дека капитенот на хрватскиот состав има проблем со задниот бутен мускул.
Селекторот на нашата репрезентација, Игор Ангеловски, на вчерашната средба со новинарите потенцираше дека нема да повика друг играч како замена за повредениот Адеми бидејќи има доволно квалитет во ростерот кој може да го искористи за средбата во Гибралтар.