Капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми, се повреди синоќа во мечот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите против Омонија одигран во Хрватска.
Нашиот репрезентативец излезе во 42-та минута а според првите проценки има болки во бутниот мускул и најверојатно повреда на задната ложа. Тоа го потврди и тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
„Кај Адеми настрада бутниот мускул, можеби и задната ложа. Не сакам ништо да прогнозирам и се надевам дека сѐ ќе биде во ред“ – рече Крзнар. Адеми денеска ќе оди на лекарски прегелди по што ќе биде утврден степенот на неговата повреда и периодот за рехабилитација.